1. /
  2. Политика за приватност

Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите содржини.

Обработката на Вашите лични податоци ја извршуваме почитувајќи ги сите начела поврзани со обработката на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

Содржина

  1. Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да не контактирате?. 1
  2. Офицер за заштита на лични податоци. 2
  3. Чии податоци собираме?. 2
  4. Категории на податоци кои се обработуваат. 2
  5. Како ги собираме личните податоци?. 3
  6. Категории на корисници на лични податоци. 3
  7. Време на чување на собраните податоци. 3
  8. Кои се Вашите права?. 4
  9. Безбедност на Вашите лични податоци. 8
  10. Пренос на лични податоци. 8
  11. Право на поднесување на Барање до АЗЛП.. 8
  12. Промена на Политиката за приватност. 8

 

1.    Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да не контактирате?

Контролор на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: АЗЛП), со седиште на бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје, Република Северна Македонија. АЗЛП е самостоен и независен државен орган посветен на заштитата на обработката на личните податоци и приватноста на физичките лица.

2.    Офицер за заштита на лични податоци

Информации во врска обработката на Вашите лични податоци и/или за остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да добиете од нашите офицери за заштита на лични податоци:

Валентин Фетаџокоски и Блерим Бајрами

  • e-mail: info@privacy.mk
  • телефон: +389 2 3230 635

3.    Чии податоци собираме?

  • Посетители на нашата интернет страна https://e-ucilnica.azlp.mk/Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика  за користење на колачиња.
  • Лица кои доброволно се регистрирани на платформата за е-учење https://e-ucilnica.azlp.mk/. Физичките лица кои се регистрирани на платформата https://e-ucilnica.azlp.mk/registracija/ може го користат модулот за тестирање. По успешно завршено тестирање на физичките лица кои ќе освојат доволно број на поени им се генерира потврда.

4.    Категории на податоци кои се обработуваат

1.Податоци за регистрираните лица

За регистрација на платформата за учење https://e-ucilnica.azlp.mk/ се собираат следните податоци:

  • Корисничко име;
  • Е-пошта; и
  • Име и презиме.

2. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Метаморфозис;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

5.    Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку електронската платформа за е-учење https://e-ucilnica.azlp.mk/, во електронска форма.

6.    Категории на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со електронските услуги достапни преку интернет страната на АЗЛП, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако АЗЛП ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на АЗЛП и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

7.    Време на чување на собраните податоци

Податоци за регистрирани лица

Податоците за регистрација ќе ги чуваме до моментот кога ќе одлучите самите да ги избришете. АЗЛП на секои две години ќе ги потсетува неактивните корисници дали сè уште сакаат да бидат дел од регистрираните лица на платформата за е-учење. Во случај ако немаме повратен одговор и на второто предупредување податоците ќе бидат избришани.

Податоци за навигација

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

8.    Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци

Ова право во врска со обработката на Вашите лични податоци преку оваа веб страница, се остварува со објавувањето и навременото ажурирање на оваа Политика за приватност, како и со Политиката за колачиња и останати правила, услови за користење преку кои добивате информации за обработката на личните податоци.

  • Право на пристап до личните податоци

(1) Субјектот на личните податоци има право да добие потврда од контролорот дали се обработуваат негови лични податоци или лични податоци за него и доколку се обработуваат, да добие пристап до личните податоци и до следните информации:
1) целите на обработката;
2) категориите на лични податоци кои се обработуваат;
3) корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации;
4) предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
5) постоењето на право да се бара од страна на контролорот исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, или право на приговор против таквата обработка;
6) правото на поднесување на барање до Агенцијата согласно со членот 97 од овој закон;
7) кога личните податоци не се собираат од субјектот на личните податоци, сите достапни информации за нивниот извор;
8) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето како што е наведено согласно со членот 26 ставови (1) и (4) од овој закон и најмалку во оние случаи, кога е вклучена значајна информација за логиката на обработката, како и значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.

  • Право на исправка

Субјектот на личните податоци има право да побара и да добие од контролорот во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето, исправка на неговите неточни лични податоци. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава.

  • Право на бришење на личните податоци

(1) Субјектот на личните податоци има право да побара од контролорот да ги избрише неговите лични податоци при што контролорот има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, ако е исполнет еден од следните услови:
1) личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени на друг начин;
2) субјектот на личните податоци ја повлекува својата согласност врз која се заснова обработката на податоците согласно со членовите 10 став (1) точка 1) и 13 став (2) од овој закон и ако не постои друга законска основа за обработка;
3) субјектот на личните податоци поднесе приговор на обработката согласно со членот 25 став (1) од овој закон, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката, или субјектот на личните податоци поднесе приговор на обработката согласно со членот 25 став (2) од овој закон;
4) личните податоци биле незаконски обработени;
5) личните податоци треба да бидат избришани со цел почитување на обврска утврдена со закон која се однесува на контролорот;
6) личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичко општество, согласно со членот 12 став (1) од овој закон.

(2) Кога контролорот ги објавил јавно личните податоци и е должен во согласност со ставот (1) на овој член да ги избрише личните податоци, тогаш контролорот презема дејствија, вклучувајќи технички мерки за да ги извести другите контролори кои ги обработуваат личните податоци дека субјектот на личните податоци побарал бришење на сите линкови или копии или репродукции на личните податоци од страна на тие контролори, земајќи ги предвид достапната технологија и трошоците на спроведувањето.

(3) Ставовите (1) и (2) на овој член не се применуваат до оној степен до кој обработката е неопходна:
а) за остварувањето на правото на слобода на изразување и информирање;
б) за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на контролорот, или за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување утврдено со закон доделено на контролорот;
в) од причини од јавен интерес во областа на јавното здравство согласно со членот 13 став (2) точки 8) и         9) и став (3) од овој закон;
г) за целите на архивирање од јавен интерес, за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели, согласно со членот 86 став (1) од овој закон, доколку постои веројатност правото утврдено во ставот (1) на овој член да се направи невозможно или сериозно да го отежне постигнувањето на целите на таа обработка или
д) за воспоставување, остварување или одбрана на барања засновани на закон.

  •  Право на ограничување на обработката на личните податоци

(1) Субјектот на личните податоци има право да побара ограничување на обработката од контролорот, ако е исполнет еден од следните услови:
а) точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на личните податоци, за период кој му овозможува на контролорот да ја провери точноста на личните податоци;
б) обработката е незаконска и субјектот на личните податоци се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба;
в) за целите на обработка, контролорот нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот на личните податоци ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања;
г) субјектот на личните податоци се спротивставува на обработката согласно со членот 25 став (1) од овој закон во очекување на верификација дали легитимните интереси на контролорот преовладуваат над интересите на субјектот на личните податоци.

(2) Кога обработката е ограничена според ставот (1) на овој член, таквите лични податоци може да се обработуваат, само со согласност на субјектот на личните податоци со исклучок на нивното чување, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања или за заштита на правата на друго физичко или правно лице или поради важни причини од јавен интерес.

(3) Кога субјектот на личните податоци го остварил правото на ограничување на обработката согласно со ставот (1) на овој член, тогаш контролорот го информира пред да престане ограничувањето на обработката.

  • Право на преносливост на податоците

 (1) Субјектот на личните податоци има право да ги добие неговите лични податоци, а кои тој ги има дадено на контролорот во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што има право да ги пренесе тие податоци на друг контролор без попречување од страна на контролорот на кого личните податоци се дадени, ако:
а) обработката е заснована врз основа на согласност според член 10 став (1) алинеја 1 или член 13 став (2) точка 1) од овој закон, или врз основа на договорна обврска според член 10 став (1) алинеја 2 од овој закон и
б) обработката се врши на автоматизиран начин.

(2) При остварувањето на правото на преносливост на податоците од ставот (1) на овој член, субјектот на личните податоци има право да добие директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.

(3) Остварувањето на правото од ставот (1) на овој член не го исклучува остварувањето на правото утврдено во членот 21 од овој закон. Правото од ставот (1) на овој член не се однесува на обработката потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на службеното овластување доделено на контролорот.

(4) Правото на преносливост на податоците наведено во ставот (1) на овој член, не смее да влијае негативно врз правата и слободите на другите физички лица.

  • Право на приговор

(1) Субјектот на личните податоци врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право да поднесе приговор до контролорот во секое време, против обработката на неговите лични податоци, врз основа на членот 10 став (1) алинеи 5 или 6 од овој закон, вклучувајќи и профилирање засновано на овие одредби. Контролорот не може повеќе да врши обработка на личните податоци, освен ако докаже дека постојат релевантни легитимни интереси за обработка, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

(2) Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектот на личните податоци има право во секое време да поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци поврзани со овој вид на маркетинг, кој вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг.

(3) Кога субјектот на личните податоци приговара на обработката на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, контролорот ја запира натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

(4) Најдоцна до моментот на првата комуникација со субјектот на личните податоци, субјектот на личните податоци мора изречно да биде известен за неговото право утврдено во ставовите (1) и (2) на овој член, при што известувањето мора да се направи на јасен начин и одвоено од било која друга информација.

(5) Во контекст на користењето на услугите на информатичкото општество и независно од прописите за електронските комуникации, субјектот на личните податоци може да го користи правото на приговор преку автоматски средства со користење на технички спецификации.

(6) Кога личните податоци се обработуваат за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од овој закон, субјектот на личните податоците има право, врз основа на конкретната ситуација поврзана со него да поднесе приговор против обработката на неговите лични податоци, освен ако обработката е неопходна за реализирање на работи од јавен интерес.

  • Право да не се биде предмет на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање

(1) Субјектот на личните податоци има право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици за него или на сличен начин значително влијае на него.

(2) Ставот (1) на овој член не се применува ако одлуката:
а) е потребна за склучување или извршување на договор меѓу субјектот на личните податоци и контролорот;
б) е дозволена со закон што се применува во однос на контролорот, и во кој исто така се предвидени соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектот на личните податоци или
в) се заснова на изречна согласност на субјектот на личните податоци.

(3) Во случаите наведени во ставот (2) точките (а) и (в) на овој член, контролорот е должен да примени соодветни мерки за заштита на правата и слободите, како и на легитимните интереси на субјектот на личните податоци, а најмалку право на обезбедување на човечка интервенција од страна на контролорот, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука.

(4) Одлуките од ставот (2) на овој член не смеат да се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен ако се применува членот 13 став (2) точка 1) или 7) од овој закон, при што се воспоставени и соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектот на личните податоци.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашите офицер за заштита на лични податоци Валентин Фетаџокоски и Блерим Бајрами

  • e-mail: info@privacy.mk
  • телефон: +389 2 3230 635

9.    Безбедност на Вашите лични податоци

АЗЛП применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на Вашите лични податоци од нивна неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување, според најновите технолошки достигнувања.

10.  Пренос на лични податоци

Дел од личните податоци што ги собираме за Вас може да бидат пренесени во Федеративна Република Германија, при што, ние ќе продолжиме да ги штитиме Вашите личните податоци што ги пренесуваме во согласност со оваа политика за приватност, документацијата на АЗЛП и Законот за заштита на личните податоци. Секогаш кога ги пренесуваме Вашите лични податоци обезбедуваме нивна заштита преку доследно почитување и применување на соодветни заштитни мерки во согласност со прописите за заштита на личните податоци кои го уредуваат преносот на личните податоци.

11. Право на поднесување на Барање до АЗЛП

Ако сметате дека начинот на кој АЗЛП ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

12. Промена на Политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Верзија 02

1 април 2024 година