1. /
  2. Помош и употреба

Помош и употреба

Добредојдовте на веб-страницата e-ucilnica.azlp.mk.

Оваа веб-страница содржи различен вид ресурси што можете бесплатно да ги симнувате и користите, нуди можност да проверите различни аспекти од системот на заштита на лични податоци во вашата организација/компанија/институција, а нуди и одговори на често поставувани прашања поврзани со заштита на личните податоци во различни животни ситуации. Покрај тоа, веб-страницата содржи и можност за да го тестирате вашето знаење на темата заштита на лични податоци. Овој дел е достапен единствено со претходна регистрација, а по успешно завршување на соодветниот тест, на вашата е-маил адреса ќе добиете персонализиран сертификат издаден од Агенцијата за заштита на лични податоци. За да се изработи сертификат со вашето име и презиме, ќе биде потребно овие податоци да ги впишете во делот на регистрација. Истиот тест можете да го решавате само еднаш во 30 дена. Решавањето на тестовите и преземањето на сертификатот е исто така бесплатно.

За полесна навигација низ веб-страницата, ве молиме изберете ја опцијата Мапа на сајтот.