1. /
  2. Информации за проектот

Информации за проектот

Оваа веб-страница е изработена во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект во периодот од 01.02.2022 година до 31.10.2023 година.

Како дел од проектот, беа спроведени повеќе од 30 обуки и друг вид едукативни настани, организирани со цел да им се обезбеди поддршка и знаење на институциите, граѓанските организации, бизнисите, од една страна и граѓаните, од друга страна, за правилно спроведување на регулативата за заштита на лични податоци и заштита на приватностa, но и одговорно користење на новите технологии, вклучително и на вештачката интелигенција. Покрај обуки, проектните партнери работеа и на подигнување на јавната свест на овие теми преку подготовка на визуелизации, едукативни активности и истражувачки стории.

Во рамки на проектот, се спроведуваше и периодично оценување на усогласеноста на електронските јавни услуги со Законот за заштита на лични податоци што резултираше со подготовка на препораки за унапредување на состојбите, а се подготвија и Методологија за проценка на влијанието врз приватноста на јавните услуги што се во процес на дигитализација, како и Водич за офицери за заштита на лични податоци во јавни институции.

Во текот на проектот, беше воспоставена и конструктивна соработка со Агенцијата за заштита на лични податоци која даде особен придонес во спроведување на активностите.