Компаниите и институциите како контролори се обврзани, меѓу другото, детално да објаснат кои лични податоци ги
собираат, за која цел и врз кој правен основ, како и кој ги користи личните податоци, и какви мерки применуваат за
заштита на личните податоци.
Конкретниот начин на кој компаниите/ институциите ја исполнуваат нивната законска обврска за информирање на субјектите на лични податоци (клиенти, вработени, соработници…) за нивните права е избор на самата компанија/институциите, се разбира, под услов таа да ги исполни сите барања пропишани во ЗЗЛП (членови 16, 17 и 18), што е предмет на елаборација во овој Водич.
Во таа насока, на физичките лица треба да им се обезбедат релевантни информации во форма на посебен документ како што е Политиката за приватност.