Секогаш кога контролорот го поставува прашањето дали му е дозволено да обработува лични податоци, на пример, да чува, брише или открива податоци на трета страна, одговорот лежи во правниот основ за обработката.
Со оглед на важноста на ова прашање за постигнување усогласеност со ЗЗЛП, овој Водич е изработен за да даде појаснување на главните премиси на законитоста на обработката преку која се исполнува едно од најважните начела од законот – начелото на законитост.