1. /
  2. Рерсурси за контролори и офицери
  3. /
  4. Публикации
  5. /
  6. ВОДИЧ ЗА ОФИЦЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

ВОДИЧ ЗА ОФИЦЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

КОНЦЕПТОТ НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЕРАТА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Културата на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци се смета за голема вредност на демократските општества кои се развиваат преку примена на основните стандарди воспоставени од Обединетите нации, [1]Советот на Европа[2] и Европската комисија[3], кои пак се елаборирани во меѓународните договори и националното законодавство за заштитата на личните податоци. Почитувањето на правото на приватност на физичките лица е карактеристично за поразвиените земји со долга традиција на владеење на правото и демократски практики, но големо значење се припишува и на почитувањето на ова право во општествени средини кои се стремат кон постигнување повисоко ниво на политичко, правно, економско и културно живеење. Со донесувањето на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)[4] кој претставува lex generalis во оваа област, Северна Македонија го вгради правото на заштита на личните податоци во правниот систем на земјата и воведе нов концепт кој ја нагласува важноста на ова право како дел од основните права и слободи на граѓаните и како суштинска вредност на секое модерно и технолошки развиено општество. Овој концепт подразбира приватност и личен интегритет на сите лица, во сите ситуации кои подразбираат обработка на лични податоци. Од суштинско значење за остварување на овој концепт и за воспоставување повисоки стандарди за почитување на приватноста е контролорите од јавниот и од приватниот сектор да определат офицер за заштита на личните податоци, заедно со јасно дефиниција на работната позиција и потребните квалификации за вршителите на оваа функција, и да ја интензивираат соработката со Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП).

Водич-за-офицери-за-заштита-на-личните-податоци-во-јавниот-и-приватниот-сектор (1)