1. /
  2. Рерсурси за контролори и офицери
  3. /
  4. Публикации
  5. /
  6. BОДИЧ ЗА ЗАКОНИТОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИTE ПОДАТОЦИ

BОДИЧ ЗА ЗАКОНИТОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИTE ПОДАТОЦИ

Законитоста на обработката на лични податоци е тема од суштинско значење во полето на заштита на личните податоци. Во Република Северна Македонија, предметната материја е регулирана во член 10 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/20; натаму во текстот: ЗЗЛП). Овој Водич е изготвен за да им помогне на контролорите и обработувачите во постигнувањето усогласеност со ЗЗЛП. Во суштина, пред да почнат каква било обработка на лични податоци правните лица кои ја вршат обработката мора да утврдат еден од правните основни за обработка на личните податоци дадени во член 10 од ЗЗЛП, а во случај на обработка на посебни категории на лични податоци, тие мора да докажат постоење на некој од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП, поради генералната забрана за обработка на посебните категории на лични податоци. Секогаш кога контролорот го поставува прашањето дали му е дозволено да обработува лични податоци, на пример, да чува, брише или открива податоци на трета страна, одговорот лежи во правниот основ за обработката. Со оглед на важноста на ова прашање за постигнување усогласеност со ЗЗЛП, овој Водич е изработен за да даде појаснување на главните премиси на законитоста на обработката преку која се исполнува едно од најважните начела од законот – начелото на законитост.

Vodic-za-zakonitost-na-obrabotkata-na-lp