1. /
  2. Рерсурси за контролори и офицери
  3. /
  4. Публикации
  5. /
  6. ШТО СЕ КОЛАЧИЊА И КАКВИ ВИДОВИ НА КОЛАЧИЊА ПОСТОЈАТ?

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА И КАКВИ ВИДОВИ НА КОЛАЧИЊА ПОСТОЈАТ?

Колачиња (cookies) се мали датотеки коишто интернет-пребарувачот ги чува на компјутерот, мобилниот уред или на друг уред што корисникот го употребува за посета на веб-страници. Тие се чуваат по „наредба“ на самата веб-страница, за нејзините идни потреби. Таквите потреби се различни и зависат од целта на колачињата, на пример, колачињата може да собираат информации за: избор на повеќејазичен приказ на страниците и редоследот на прегледаните страниците за корисникот да може да се врати на истите страници по истиот редослед; список на предмети што корисникот ги внел во кошницата на некоја онлајн продавница; податоци поврзани со поставките за согласност за користење колачиња; како и информации за ИП адреса, податоци за автентикацијата, е-мејл адреси, геолокација на корисникот, дали посетителот користи компјутер или мобилен уред, кои страници на вебстраницата биле посетени, итн. Колачињата се поделени во неколку групи, според нивното времетраење, извор и функцијата.

Водич-за-користење-на-колачиња