1. /
  2. Рерсурси за контролори и офицери
  3. /
  4. Публикации
  5. /
  6. Водич за заштита на личните податоци во финансискиот сектор

Водич за заштита на личните податоци во финансискиот сектор

Финансиската индустрија минува низ темелна трансформација поради брзиот технолошки развој и глобализацијата. Овие развојни моменти донесоа и нов предизвик за финансиските институции во форма на донесување нови мерки за хармонизација на националното законодавство во Република Северна Македонија во однос на обработката на личните податоци на физички лица. Иако некои од основните начела од стариот режим за заштита на личните податоци сè уште се применуваат, новиот Закон за заштита на личните податоци воведе и неколку нови концепти кои може да имаат значително влијание врз финансискиот сектор и да наложат промени во начинот на кој овие институции ги користат и ги обработуваат личните податоци. Целта на овој Водич е да обезбеди поддршка на контролорите и обработувачите од финансискиот сектор и да ја зголеми свеста за клучните елементи поврзани со обработката на лични податоци од страна на компаниите кои работат во овој сектор.

ВОДИЧ-за-заштита-на-личните-податоци-во-финансискиот-сектор