1. /
  2. Ресурси за граѓани
  3. /
  4. Видеа
  5. /
  6. Видео: Правила за обработка на лични податоци

Видео: Правила за обработка на лични податоци

Тоа што еден податок е личен, не значи дека никој не смее да го користи, обработува, споделува, чува и слично. Сепак, има причина зошто личните податоци се викаат „лични“. Нивниот назив означува дека нашите лични податоци се само наши и ние, како луѓе, односно како субјекти на лични податоци, мораме да знаеме кој и зошто ги има нашите лични податоци, дали ги споделува со други лица, кои точно податоци ги има и колку долго ќе ги чува и слично. Во ова видео објаснуваме кои правила треба да се следат при обработката на нашите лични податоци.