1. /
  2. Рерсурси за контролори и офицери
  3. /
  4. Page 2

Водич за заштита на личните податоци во финансискиот сектор

Финансиската индустрија минува низ темелна трансформација поради брзиот технолошки развој и глобализацијата. Овие развојни моменти донесоа и нов предизвик за финансиските институции во форма на донесување нови мерки за хармонизација на националното законодавство во Република Северна Македонија во однос на обработката на личните податоци на физички лица. Иако некои од основните начела од стариот режим … Повеќе

Водич за пренос на лични податоци во трети земји и меѓународни организации

Правната рамка за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија ја признава важноста и зголемениот ризик по личните податоци во случај на пренос на податоци во трети земји и меѓународни организации и, од тие причини, содржи конкретни барања кои имаа за цел да понудат исто ниво на заштита за личните податоци кои се пренесуваат … Повеќе

ВОДИЧ ЗА ОФИЦЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

КОНЦЕПТОТ НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЕРАТА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Културата на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци се смета за голема вредност на демократските општества кои се развиваат преку примена на основните стандарди воспоставени од Обединетите нации, [1]Советот на Европа[2] и Европската комисија[3], кои пак се елаборирани во меѓународните договори … Повеќе

Водич за изработка на Политика за приватност

Компаниите и институциите како контролори се обврзани, меѓу другото, детално да објаснат кои лични податоци ги собираат, за која цел и врз кој правен основ, како и кој ги користи личните податоци, и какви мерки применуваат за заштита на личните податоци. Конкретниот начин на кој компаниите/ институциите ја исполнуваат нивната законска обврска за информирање на … Повеќе

Водич за законитост на обработката на личните податоци

Секогаш кога контролорот го поставува прашањето дали му е дозволено да обработува лични податоци, на пример, да чува, брише или открива податоци на трета страна, одговорот лежи во правниот основ за обработката. Со оглед на важноста на ова прашање за постигнување усогласеност со ЗЗЛП, овој Водич е изработен за да даде појаснување на главните премиси … Повеќе

Водич за пренос на лични податоци во трети земји и меѓународни организации

Правната рамка за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија ја признава важноста и зголемениот ризик по личните податоци во случај на пренос на податоци во трети земји и меѓународни организации и, од тие причини, содржи конкретни барања кои имаа за цел да понудат исто ниво на заштита за личните податоци кои се пренесуваат … Повеќе

Видео: Посебни категории лични податоци

Дали знаевте дека некои лични податоци се сметаат за посебни лични податоци и, како такви, нивната обработка е предмет на малку построги услови? Во ова видео објаснуваме што се посебните категории лични податоци и под кои правила се обработуваат.

Водич за заштита на личните податоци во финансискиот сектор

Финансиската индустрија минува низ темелна трансформација поради брзиот технолошки развој и глобализацијата. Овие развојни моменти донесоа и нов предизвик за финансиските институции во форма на донесување нови мерки за хармонизација на националното законодавство во Република Северна Македонија во однос на обработката на личните податоци на физички лица. Иако некои од основните начела од стариот режим … Повеќе

Видео: Што е личен податок?

Доколку имате дилеми за тоа што е, а што не е личен податок, ова видео ќе ви помогне да ги разјасните. Внимавајте, тоа што некој податок е личен, не значи и забрана за негова обработка, користење, споделување и слично, но важно е секогаш овие процеси да имаат законска основа.

Што е личен податок? – YouTube

Водич за технички и организациски мерки

Законот за заштита на личните податоци пропишува дека сите организации се должни да применат соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, во зависност од обемот и категоријата на лични податоци, контекстот, целта за која податоците се собираат и обработуваат и можните ризици од губење или злоупотреба на податоците.

Техничките мерки може да се дефинираат како мерки кои контролорите и обработувачите ги применуваат во нивните системи и сите технолошки средства на организацијата, како што се: објекти/згради, уреди, мрежи, хардвер и хартиени податоци кои тие ги користат како мерки за заштита од неовластено пристапување до личните податоци и најдобра можна
одбрана од нарушување на безбедноста на личните податоци. Примери за технички мерки се кибер-безбедност, криптирање и псевдонимизација, физичка безбедност, соодветно ракување со податоците, лозинки, овластувања за пристап до податоците, итн., и истите се пропишани во Правилникот.

Организациските мерки може да се дефинираат како мерки кои ги сочинуваат интерни политики, организациски методи или стандарди, како и контроли и проверки кои контролорите и обработувачите ги пропишуваат и ги применуваат за да гарантираат безбедност на личните податоци. Примери за организациски мерки се политики за информатичка безбедност, план за континуитет на деловната активност, политики и постапки за сите видови обработка на лични податоци во рамките на организацијата, градење свест и обука на вработените, контроли и ревизии на пропишаните и применетите мерки, итн.

Овој водич ќе ви помогне правилно да ги примените техничките и организациски мерки неопходни за соодветна заштита на личните податоци.

Водич-за-технички-и-организациски-мерки-1