1. /
  2. Author: Vesna
  3. /
  4. Page 3

Видео: Што е личен податок?

Доколку имате дилеми за тоа што е, а што не е личен податок, ова видео ќе ви помогне да ги разјасните. Внимавајте, тоа што некој податок е личен, не значи и забрана за негова обработка, користење, споделување и слично, но важно е секогаш овие процеси да имаат законска основа.

Што е личен податок? – YouTube

Водич за технички и организациски мерки

Законот за заштита на личните податоци пропишува дека сите организации се должни да применат соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, во зависност од обемот и категоријата на лични податоци, контекстот, целта за која податоците се собираат и обработуваат и можните ризици од губење или злоупотреба на податоците.

Техничките мерки може да се дефинираат како мерки кои контролорите и обработувачите ги применуваат во нивните системи и сите технолошки средства на организацијата, како што се: објекти/згради, уреди, мрежи, хардвер и хартиени податоци кои тие ги користат како мерки за заштита од неовластено пристапување до личните податоци и најдобра можна
одбрана од нарушување на безбедноста на личните податоци. Примери за технички мерки се кибер-безбедност, криптирање и псевдонимизација, физичка безбедност, соодветно ракување со податоците, лозинки, овластувања за пристап до податоците, итн., и истите се пропишани во Правилникот.

Организациските мерки може да се дефинираат како мерки кои ги сочинуваат интерни политики, организациски методи или стандарди, како и контроли и проверки кои контролорите и обработувачите ги пропишуваат и ги применуваат за да гарантираат безбедност на личните податоци. Примери за организациски мерки се политики за информатичка безбедност, план за континуитет на деловната активност, политики и постапки за сите видови обработка на лични податоци во рамките на организацијата, градење свест и обука на вработените, контроли и ревизии на пропишаните и применетите мерки, итн.

Овој водич ќе ви помогне правилно да ги примените техничките и организациски мерки неопходни за соодветна заштита на личните податоци.

Водич-за-технички-и-организациски-мерки-1

Видео: Правила што треба да ги следат институциите за да обезбедат законска обработка на личните податоци при развивањето на е-услуги (дел 3)

Глобалните трендови на дигитализација не ги одминуваат ниту јавните услуги и се повеќе се работи на обезбедување на испораката на јавни услуги и по електронски пат. Како можат институциите да се осигураат дека личните податоци на граѓаните се соодветно заштитени кога се развиваат јавните е-услуги? Дел од одговорите на ова прашање можете да ги најдете … Повеќе

Видео: Правила што треба да ги следат институциите за да обезбедат законска обработка на личните податоци при развивањето на е-услуги (дел 2)

Глобалните трендови на дигитализација не ги одминуваат ниту јавните услуги и се повеќе се работи на обезбедување на испораката на јавни услуги и по електронски пат. Како можат институциите да се осигураат дека личните податоци на граѓаните се соодветно заштитени кога се развиваат јавните е-услуги? Дел од одговорите на ова прашање можете да ги најдете … Повеќе

Видео: Правила што треба да ги следат институциите за да обезбедат законска обработка на личните податоци при развивањето на е-услуги (дел 1)

Глобалните трендови на дигитализација не ги одминуваат ниту јавните услуги и се повеќе се работи на обезбедување на испораката на јавни услуги и по електронски пат. Како можат институциите да се осигураат дека личните податоци на граѓаните се соодветно заштитени кога се развиваат јавните е-услуги? Дел од одговорите на ова прашање можете да ги најдете … Повеќе

Видео: Правила за вршење видео надзор

Како знаеме дали камерите што ги гледаме на јавните простории, во институции, канцеларии, во згради, трговски центри и т.н. законски нè следат? Ова видео ќе ви помогне да разберете во кои случаи и под кои услови може да се воведе видео надзор.

Видео: Офицер за заштита на лични податоци

Офицер за заштита на лични податоци е термин со кој се среќаваме се почесто. Ова видео објаснува која е улогата на офицерот за заштита на лични податоци и кои услови треба да ги исполнува некој за да ја преземе оваа улога?

Видео: Правила за обработка на лични податоци

Тоа што еден податок е личен, не значи дека никој не смее да го користи, обработува, споделува, чува и слично. Сепак, има причина зошто личните податоци се викаат „лични“. Нивниот назив означува дека нашите лични податоци се само наши и ние, како луѓе, односно како субјекти на лични податоци, мораме да знаеме кој и зошто … Повеќе

Видео: Како да креираме силни лозинки?

Силните лозинки се еден од најважните, но и наједноставните чекори што можеме да ги преземеме за да ја заштитиме нашата приватност на интернет. Доколку барате инспирација за да си создадете и запомните силни лозинки, ова видео може да ви помогне.