Рерсурси за контролори и офицери
Препораки за унапредување на усогласеноста на работењето на граѓанските организации со законот за заштита на лични податоци 1
Овие инфографици содржат препораки кои ќе им помогнат на граѓанските организации да ја подобрат својата усогласеност со Законот за заштита на личните податоци.
Што е приватност по дизајн?
Приватност по дизајн или техничка и интегрирана заштита на личните податоци е концепт според кој функционалностите за заштита на личните податоци се вградени во самите услуги или производи, на пример: електронските јавни услуги, се вградуваат во алатките уште во процесот кога тие се креираат. Дознајте повеќе за овој концепт на визуелизацијата подолу:
Видео: Посебни категории лични податоци
Дали знаевте дека некои лични податоци се сметаат за посебни лични податоци и, како такви, нивната обработка е предмет на малку построги услови? Во ова видео објаснуваме што се посебните категории лични податоци и под кои правила се обработуваат.
Видео: Што е личен податок?
Доколку имате дилеми за тоа што е, а што не е личен податок, ова видео ќе ви помогне да ги разјасните. Внимавајте, тоа што некој податок е личен, не значи и забрана за негова обработка, користење, споделување и слично, но важно е секогаш овие процеси да имаат законска основа.